Dark Mode Light Mode

Полицискиот час го прекршиле 12 лица, за неносење маска изречени 408 казни

Вкупно 12 лица ќе бидат санкционирани проади тоа што ја прекршиле забраната за движење во текот на полицискиот час кој почна да се применува од синоќа во 22 часот, информира МВР.

Дел од раководството на МВР, предводено од министерот Оливер Спасовски синоќа  направи увид во спроведувањето на ограничувањето на движење во Скопје, Тетово, Куманово, Велес и други градови.

-Апелирам граѓаните да ги почитуваат мерките, на тој начин ќе придонесат во борбата против Ковид-19. Секако, за оние што не почитуваат ќе има прекршочни и кривични санкции, рече Спасовски.

Реклама

Кривичниот законик предвидува парична казна или затвор до една година за физички лица, а парична казна до 30 милиони денари за правни лица за ваков вид престап. Непочитувањето на забраната за движење значи извршување на кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Инаку, од МВР информираат и дека во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење заштитна маска како превенција од корона вирусот, регистрирани се 408 прекршоци.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Вакцините ќе дојдат во март или пак ќе ни кажат: „Тоа е прашање на денови“?

Next Post

Трагедија во Војводина: Кучиња до смрт искасале четиригодишно дете на неговиот роденден

Реклама