Операта „Кармен“ е на репертоарот на МОБ во петок, на 12 март. „Кармен“ секогаш ја мами публиката па се бара карта плус за уживањето во салата. Диригент е Бисера Чадловска.
Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет,а главните улоги ги толкуваат солистите Зоран Сотиров, Ристе Велков, Злата Тошевска, Катерина Стојановска, Марика Поповиќ, Драган Ампов, Дејан Стоев и Ернест Ибраимовски, а во улогата на Кармен, премиерно ќе настапи Николина Јаневска.
Влезот во МОБ ќе биде отворен еден час претходно за да се избегне метежот и за да се обезбеди заштита од опасноста за ширење на вирусот.