Dark Mode Light Mode

Случајот со дебарската родилка не е затворен со наодот на Лекарската комора

Со извештајот од Лекарската комора не се затвора случајот со родилката од Дебар на која во струшката болница при породувањето и беа извадени матката, јајник и бубрег, а стручната комисија не откри лекарска грешка.

Министерството за здравство следната недела ќе ги разгледа сите извештаи од наодите во врска со овој случај и ќе донесе став.

-Не е само стручниот извештај во случајов, има и други наоди. Тоа е наодот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, тоа е делот од тој наод којшто е пратен во Обвинителството и ние во текот на следната недела тука во Министерството ќе ги разгледуваме сите наоди од сите институции и ќе заземеме став, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Реклама

Родилката Јилдиз Веаповска, која поминала низ вистинска голгота и која јавно проговори за овој случај, преку адвокат поднесе приватна кривична пријава против шест медицински лица од струшката болница на чело со директорот и гинеколог Мухамед Асани и ја продолжува својата правна битка.

Таа вчера најави дека ќе оди на Институтот за патологија, каде што дознала дека се наоѓаат органите за да ги земе и даде на вештачење.

Во мешувреме, Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши инспекција во домот на Асани каде откри дива ординација за што извештајот е поднесен во Обвинителството.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Притвор за 41-годишен маж кој силувал деца на возраст од 5 и 7 години и ги снимал со мобилен

Next Post

Прозваните политичари му одговорија на Каракачанов: Со лага не бидуваш ага

Реклама