Dark Mode Light Mode

Протести за осудените во „Монструм“, еве кои сообраќајници треба да се одбегнуваат

Нов протест поради пресудите изречени во случајот „Монструм“ денеска ќе биде одржан во централното градско подрачје. Организаторите на протестите ги повикуваат граѓаните да им се придружат поради тоа што сметаат дека осудените лица се невини.

Во вторникот Кривичниот суд бегалците Алил Демири и Африм Исмаиловиќ за тероризам ги осуди на казни доживотен затвор, а иста пресуда доби и Агим Исмаиловиќ. Обвинетиот Хаки Азири е осуден за две кривични дела помагање на сторител по извршено кривично дело, за што доби единствена казна во траење од 9 години. Фејзи Аризи, пак, е осуден за помагање на сторител по извршено кривично дело на 15 години затвор. Тие се осудени за петкратното убиство што се случи кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година.

На протестот кој се одржа кон крајот на минатиот месец имаше скандирања, неколкучасовна блокада на скопските улици, скршени прозорци, навреди и барања за разрешување на обвинителката Фатиме Фетаи. 

Реклама

Поради протестот, МВР соопшти, ќе бидат блокирани повеќе улици. Протестот почнува во 13 часот во парк Чаир на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, а ќе продолжи кон Основен суд Скопје 1 на булеварот „Гоце Делчев“. Потоа кон Собранието па кон и Влада на Илинденска. Поради тоа, затворени за сообраќај од 13 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици: „Х.Т.Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, „Крсте Мисирков“, булевар „ Гоце Делчев“, улица „11-ти Октомври“, улица „Васил Главинов“, булевар„ ВМРО“, булевар „Илинден“ и други околни сообраќајници.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Една година од првиот заразен, до сега 101.214 лица биле виросани, а прогнозираа далеку помалку

Next Post

16-годишник со возило тешко повредил познат хирург на улица во Скопје

Реклама