Dark Mode Light Mode

Скопски хаос: Возат пребрзо, возат без возачки дозволи, возат…

Секој четврти возач кој бил вчера казнет од страна на полицијата возел значително пребрзо од максимално дозоволените 50 километри на час. Ова го покажува денешниот извештај на полицијата за контролите направени во изминатово деноноќие.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 132 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 36, шест за возење без возачка дозвола, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се седум санкции за користење на мобилен телефон, три за возење под дејство на алкохол, четири за некористење сигурносен појас, три за минување на затворен семафор (црвено светло), 33 за непрописно паркирани возила, соопшти полицијата.

Бројките се алармантни. Се случуваат секој ден. Полицијата очигледно мора уште поревносно да контролира и казнува низ градот.

Реклама

Премногу „диви“ возачи има во Скопје. Премногу настрадани има поради тоа.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

На локалните избори ЛДП и ДОМ ќе настапат самостојно, без коалиција со СДСМ

Next Post

Меркел: Вакцината „АстраЗенека“ е ефикасна, но јас нема да се вакцинирам со неа оти има 66 години  

Реклама