Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков доби казна затвор од 12 години за предметот „Таргет-Тврдина“, што се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од УБК. Казната денеска је изрече Кривничниот суд кој определи и други казни на обвинетите лица во овој случај.
Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е осудена на 4 години затвор, Горан Грујевски – 15 години затвор, Никола Бошковски – 15 години затвор, Надица Николиќ – 3 години затвор, Тони Јакимовски – 6 години затвор, Владимир Варелов – условна осуда од 2 години затвор доколку во наредните пет години од паравислноста на пресудата не стори ново кривично дело. Вакви условни казни добија и останати обвинети: Маријан Шумуликоски – условна осуда од 2 години, Силвана Златова –условна осуда од 2 години, Васко Исакоски-условна осуда од 2 години и Валентина Симоноски-условна осуда од 2 години.
Одлуката ја донесе донесе петчлениот судечкиот совет.
Судијката Џенета Бегтовиќ која е прв судија во судскиот совет кој го овди овој предмет, образложи дека Мијалков и вработени во УБК преку злоупотреба на системите за комуникации овозможиле незаконско следење на комуникациите.
–Внесени се телефонски броеви за кои немало издадени наредби за следење и слушале телефонски разговори. Внесувале телефонските броеви без да побараат на увид издадени судски наредби. Ги повредиле уставно загарантираните права на слобода и неповредливост и сите други облици на приватност на лицата кои ги следеле. Мијалков издавал наредби да се внесуваат телефонски броеви. Обвинетиот Мијалков поседувал корисничко име и лозинка и ги следел комуникациите на лицата чии телефонски броеви биле внесени во системот, рече судијката Бегтовиќ.
Таа додаде дека во овој предмет од 2008 до 2015 година биле следени членови на СДСМ, новинари, невладини организации…
–Ваквото масовно прислушување се случувало во една од најбитните институции, односно во УБК. Со право јавноста овој предмет ќе го нарече големиот скандал за незаконското прислушување во државава и од него произлегуваат сите други предмети. Затоа и овој предмет имаше приоритет во постапувањето, рече таа.
Судијата Владимир Туфегџиќ рече дека се работи за случај на темелно воспоставен систем на злоупотреби при прислушувањето.
-Мотивот беше во целосната контрола на општествениот и на политичкиот живот во земјава. Систем во кој секој секого прислишува и не знае дека е прислушуван. Поразителен е фактот што прислушувањето се вршело преку УБК, рече тој.
Пресудата е првостепена и странките (обвинителството и одбраната) имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје.
Сите обвинети, освен бегалците Грујевски и Бошковски, дојдоа да ја слушнат пресудата во судница.