Отпишувањето на каматите на долгови за комунални услуги ќе се однесува на периодот до ноември лани и само ако граѓаните ја платат главнината на долгот.
Тоа значи, секој што има ваков долг треба да направи репрограмирање за отплата на на 12 месеци. Потоа, сметководствено ќе му бидат отпишани каматите, но ако после првиот месец не продолжи со исполнување на договорните услови, затезните камати ќе почнат да течат како што течеле претходно
Во моментов се работи на законското решение, а граѓаните ќе бидат повикувани поединечно во јавните претпријатија за да не се прават метежи.
Отписот на каматите на долговите е една од мерките во петтиот пакет економски мерки, кој Владата неодамна го донесе. Предвидено е отписот да се направи во период од пет месеци. Ќе се отпишуваат каматите на долговите кои граѓаните ги имаат направено кон јавните претпријатија.
Тука не спаѓаат ЕВН, БЕГ и други приватни компании кои даваат јавни услуги, но премиерот Зоран Заев ги повика и овие компании да го направат ова.