Во изминатото деноноќие 8 лица починаа како последица на ковид – 19, додека од 2.345 тестирани, откриени се 373 новозаразени со корона вирус.
Најмногу од починати – 5 се од Скопје (94г, 81г, 79г, 78г и 76г) и по еден пациент од Куманово (66г), Гостивар (61г) и Прилеп (76г), сите во болнички услови.
Речиси половуна од новите 373 нови случаи со ковид-19 се од Скопје – 155.
Исто така, денеска се регистрирани и 309 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.174, на починати е 3.018, а бројот на активни случаи изнесува 6.378, од кои 2.845 во Скопје.