Нови 18 пациенти со компликации од корона вирусот се примени во болниците во Скопје во изминатите 24 часа.
Со тоа вкупно 234 лица сомнителни и потврдени со ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Најмногу се примени во ГОБ „8 Септември“ – 8, на интерните клиники – 6 и на Инфективната клиника 4 нови приеми во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 18 оздравени пациенти.