Dark Mode Light Mode

Обвинение и домашен притвор за скопјанецот кој уценуваше девојка со компромитирачки фотографии и видеа

Наместо 1.500 евра колку што бараше за да не објави компромитирачки фотографии и видеа од девојка, 28-годишниот скопјанец кој беше приведен на 31 јануари заработи обвинениe.

Скопското обвинителство го товари за уцена бидејќи во периодот од 21 до 31 јануари преку Вибер побарал од една девојка да му даде 1.500 евра за да не објави нејзини фотографии и видеа со компромитирачка содржина.

Во договор со полицијата, била организирана средба на 31 јануари во кафе-бар на плоштадот „Македонија“, на која девојката му дала 30.750 денари, а веднаш по преземањето на парите, момчето било приведено.

Реклама

Од тогаш се наоѓа во домашен притвор, каде на барање на јавниот обвинител ќе остане до судењето, поради можноста да избега.  ​​

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Потест на административците во ГОБ„8 Септември“: И ние сме здравство и работиме во ковид болница

Next Post

Ставале ротациски светла и сирени за да не плаќаат патарини - за два дена дури 32 случаи

Реклама