Dark Mode Light Mode

Ќе стане ли возењето со телефон во рака дел од возачкиот испит?

Возење со мобилен телефон во рака е незаобиколна навика на многумина скопски возачи. Тоа го потврдуваат и секојдневните полициски контроли. Нема ден, десетина возачи да не бидат санкционирани поради тој сообраќаен прекршок.

Така беше и во изминативе денови: вчера беа казнети седум возачи, завчера 24, а во понеделникот 18 возачи… Бројките се големи, а само може да се претпостави колкумина не биле фатени од полицијата, а си пишувале СМС пораки додека возат или имале „итен“ разговор.

Значи, и покрај казнувањата дел од возачите од оваа лоша навика никако не се откажуваат. А со тоа се загрозува и сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Реклама

Полицијата очигледно мора да биде поревносна во сузбивање на овој тип на прекршоци. Во спротивно не ни преостанува ништо друго освен при полагањето за возачка да се воведе и проверка на вештините со волан и мобилка во рака.

Да, знаеме дека во Скопје има и многумина кои немаат возачка, а возат низ градов. Тоа е друга тема.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Што кријат телефоните на приведените за „Јавна соба“ ќе се знае најдоцна утре

Next Post

26 од „рамковните“ административци одбиле да ги потпишат решенијата, 135 не се ни појавиле

Реклама