Dark Mode Light Mode

Потест на административците во ГОБ„8 Септември“: И ние сме здравство и работиме во ковид болница

Простест пред Градската болница „8 Септември“ денеска одржаа вработените во администрацијата и техничкиот персонал бидејќи не добиле еднократна парична помош од Владата. Тие бараат и ним да им се исплати еднократната помош од 30.000 денари бидејќи, како и лекарите, биле изложени на ризикот од заразата од корона вирусот.

-Револтирани сме од понижувачкиот и некоректен однос кон нас. Со одлука на влада им беше исплатен еднократен паричен надоместок за сите вработени во ковид центите, освен на нас 195 вработени кои бевме изземени од мерката. Ние сме постојано вклучени во процесот на работа и поддршка со ковид пациенти, изјавија лицата излезени на протестот.

Тие настапија со транспарент „И ние сме здравство и работиме во ковид болница“.

Реклама

Инаку, Дел од нив работат без продолжен договор, а 150 лица немаат решение за работа веќе 6 години.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Братски си чувале хероин и кокаин во специјален бункер

Next Post

Обвинение и домашен притвор за скопјанецот кој уценуваше девојка со компромитирачки фотографии и видеа

Реклама