За оштетување на имотот на државата, на возилата на Министерството за внатрешни работи за време на протестите за случајот „„Монструм“ ќе има прекршочни и кривични пријави.
Досега се идентификувани и повикани на разговор 14 лица, од кои едно е малолетно.
-Поднесена е пријава и против организторот на протестот затоа што, пред се, не се придржувале кон мерките за заштита на здравјето и при тоа не биле испочитувани протоколите. Ќе има и кривични пријави за сите оние кои извршиле оштетување. Веќе се идентификувани и во вчерашниот ден се повикани 14 лица кои директно учествувале во ваквите насилства кон објектите или кон имот на државата, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Протестот што се одржа минатата недела против барањето на Обвинителството да им се изречат највисоки казни на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро од 2012година, намето марш се претвори во насилство со повеќе инциденти – учесниците превртуваа контејнери, со камења фрлаа кон полициските возила, скандираа „УЧК, УЧК“ и накрај искршија стакло од зградата на МНР.