Нов гаф со непознавање на елементарни работи направи актуелната бугарска министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. Овојпат излезе дека министрката воопшто не знаела дека во македонската метропола – Скопје веќе со години постои и делува Бугарскиот културен клуб!? Ова елементарно непознавање на постоењето на институции кои во други земји ја афирмираат бугарската култура излезе на виделина по настапот на Захариева на еден бугарски меидум. Таа, зборувајќу за бугарските реакции околу најавите дека во Скопје ќе биде отворен Српски културен центар, изјави дека тука би сакала да види и Бугарски културен центар.
–Не можеме да се мешаме во воведувањето на српскиот јазик и нивниот културен центар, но исто така сакаме да имаме бугарски културен центар, рече Захариева.
Меѓу првите кои реагираа на ова незнаење беше и поранешната министерка за култура Ганка Цветанова.
-Кажете и на Захариева дека во Македонија постои Бугарски културен центар отворен како резултат на Договорот за културна соработка меѓу Македонија и Бугарија потпишан во 2002 година, напиша Цветанова.