Денеска, најдоцна утре ќе заврши вештачењето на мобилните телефони на четворицата осомничени за скандалозниот случај „Јавна соба“ на Телеграм, каде илјадници членови споделуваа компромитирачки фотографии, лични податоци и навредливи коментари за жени, девојки и малолетнички од земјава.
Потоа, овие анализи ќе бидат доставени до Основното јавно обвинителство, кое ќе постапува натаму.
МВР продолжува да работи на идентификација и други членови на групата, но она што ја отежнува истрагата е молкт од компанијата која стои зад апликацијата Телеграм.
Групата е избришана, но како што изјави министерот за внатрешни раоти Оливер Спасовски вчера и денеска, на прес-конференцијата, и натаму нема никаква комуникација со Телеграм.
Спасовски рече дека за разлика од минатогодишниот случај, за што во ОЈО уште се води предистрага, очекува да се направат повеќе напори за да се расветли случајот.