Dark Mode Light Mode

Добро е, студентите ќе може да се исперат по студентските домови

Од вчера се отворени пералните наменети за студените по скопските студентски домови. На отворањето претходеа бурни реакции на студенти кои живеат во домовите бидејќи беа ставени во незавидна ситуација да не можат да ги перат облеките.

Директорот на ДСД Виктор Велевски за државната агенција МИА изјави дека решил да ги отвори вратите на пералните бидејќи капацитетите на скопските студентски домови веќе се пополнети со 40 проценти и студенти имаат потреба од перални. Тој рече дека не се консултирал со Комисијата за заразни болести затоа што немало потреба, но и затоа што ќе биле запазени мерките и прописите за заштита од корона вирусот.

-Протоколите се за сите исти дали тоа било за студентски домови, факултети, средни училишта или пак основни училишта, ние нема да дозволиме да се прави гужва во делот на достава на облеката, сите студентски домови се обележани во делот на подот за растојание, имаме портирска служба, вработени кои што ќе го регулираат делот на доставување на облеката на студентите кои ќе бидат за перење. Неопходно е на студентите да им ја пружиме и оваа услуга, односно да ги отвориме пералните, во кои секако ке се следи протоколот за заштита од вирусот и ќе има залепено насоки пред секоја перална, изјави тој.

Реклама

Инаку, во пералната студентите освен што ќе ја перат, ќе можат и да ја сушат својта облека. На студентите им следуваат ограничен број на перења со жетони, кои им се даваат секој месец, доколку истите се потрошат се наплаќа по 50 денари од перење.

Меѓутоа, останува прашањето: требаше ли да се случи незадоволството и реакциите на студентите за да управата на ДСД реши да ги отвори пералните? Или, тие и натаму ќе беа затворени…

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Џабе ни кажуваат дека имаме „хибриден режим“

Next Post

Ганка Цветанова: Кажете и на Захариева дека во Скопје веќе постои бугарски културен центар

Реклама