Dark Mode Light Mode
Дибиров ги замолкна навивачите на Еурофарм Пелистер
Ќе ги послуша ли власта забелешките за Законот за здравствена заштита или како и образованието…?
Пијанистот Коробејников од Русија, вечерва во Филхармонија

Ќе ги послуша ли власта забелешките за Законот за здравствена заштита или како и образованието…?

Ќе заврши ли Законот за здравствена заштита како т.н. реформски концепт и дигитализацијата во образованието? Тие беа напишани без консултација на експерти, родители, наставници, потоа заради притисокот на јавноста, беа ставени и на дебата во Собрание. Дојдоа многу познавачи, претставници на родителите, наставниците, историчарите – речиси сите беа против промените што министерката за образование Мила Царовска инсистираше да ги спроведе. Но ниедно од забелешките на дебата своевремено не беа прифатени и, и покрај притисокот на јавноста, се се изгласа, донесе, спроведе на дело.

Оттука јавноста се сомнева дека и во случајот со Законот за здравствена заштита ќе биде исто. Иако македонската опозиција, особено „Левица“ се обидува со поднесување на 1.200 амандамни, да го спречи носењето на истиот. Според нив, Законот се форсира по скратена постапка за приватизација на брзата помош, а со тоа да се офајдат малкумина луѓе во и блиски на власта. Последно, вчера попладне расправата беше прекината во Комисијата за здравство, а најавата вели дека следниот петок ќе се одржи јавна расправа со лекарската фела и други стручни лица.

-Комисијата за здравство ја одложи расправта за штетниот Закон за здравствена заштита, против кој Левица поднесе над 1.200 амандмани. Ваков круцијален закон не смее да помине без јавна расправа од стручната лекарска фела. Пратениците на Левица, под никакви околности, нема да дозволат приватизација на Брзата помош, вели претседателот на „Левица“, Димитар Апасиев.

Реклама

Останува да видиме дали јавната расправа за овој закон ќе вроди плод, или пак ќе биде само статистика, како онаа за образованието – што требаше да изгледа демократски но власта не ја послуша и си тера по свое иако многумина ја опоменаа дека тоа е на штета на образованието.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Дибиров ги замолкна навивачите на Еурофарм Пелистер

Next Post

Пијанистот Коробејников од Русија, вечерва во Филхармонија

Реклама