Dark Mode Light Mode

Сообраќајот на државните патишта е по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на планинските превои со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.

Од АМСМ информираат дека врнежи од слаб снег се бележат во Битола, Прилеп, Крушево и Струмица.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Реклама

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Утре променливо облачно и студено, некаде и снег

Next Post

Ги виде ли новата бугарска влада одговорите што Македонија и ги пратила? Македонците слушнаа од Груби, ама не видоа ништо!

Реклама