Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски си посвои куче од „Лајка“. Како што информираа од општината се работи за Лиска, куче кое денеска му го донел директорот на ова Јавно претпријатие Воислав Димитровски.
Хуманиот третман на уличните и напуштените кучиња, намалување на популацијата на бездомни кучиња, вдомување и градење култура за вдомување, биле главните теми на кои разговараа на денешната средба на Ѓорѓиевски и директорот на ЈП Лајка, Димитровски.
Со цел собирање донации во вид на ќебиња, околувратници, поводници, играчки, креветчиња,прашаци за перење и универзални средства за чистење за помош и заштита на бездомните кучиња од прифатилиштето на „Лајка“ во сабота во 14 часот ќе биде одржана дружба.