Dark Mode Light Mode

Ќе остане ли само кабелот кабает за пожарот во кој изгореа 14 луѓе?

И по три месеци откако на 8 септември во ужасниот пожар во тетовската модуларна болница живи изгореа 14 лица не се знаат точните причини за катастрофата. Зошто е така?

Од тетовското Јавно обвинителство, надлежно за истрагата, деновиве изјавија дека за да се комплетира истрагата се чека уште на извештајот на германските форензичари. Тие на покана на нашето Обвинителство спроведоа истрага, земаа примероци за анализа по што се вратија во Германија за да извршат подетални анализи. Според сознанијата, тие треба да утврдат дали материјалите од кои биле изградени овие објекти се во согласност со препораките на Светската банка, која го финансирала нивното правење. Но, еве, веќе деведесетина дена нивниот конечен извештај не е готов. Единствено нешто што се споделува од нивната страна е дека не може да споделуваат информации за нивната истрага. 

Со ова станува енигма какви се вештачења се прават и што е причината зошто утврдувањето дали материјалите биле соодветни бара толку време. Секако, ова е важен детал со оглед на фактот што во пожарот силно гореа и ѕидовите на модуларната болница и што беше една од причините за брзото ширење на пожарот и толку многу жртви. Но, важно е и јавноста што побрзо да дознае дали тука имало отстапувања од нормите кои што ги пропишала Светската банка за материјалите кои требале да бидат употребени.

Реклама

И така…, засега останува попзнато само дека причината за пожарот била електричната куса врска во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел…

Ќе остане ли само кабелот кабает?

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Симон Трпчески во номинација за нова светска награда

Next Post

Изгубени во лавиринтот на надлежните

Реклама