Кристијан Стаменов денеска е назначен за вршител на должноста директор на ЈУ „Зоолошка градина“ на Град Скопје, откако претходниот директор Ѓорги Галетановски си поднесе оставка од оваа функција.
Стаменов е вработен во Зоолошката градина во Скопје од 2011 година, на работна позиција самостоен ЗОО негувател. Тој е дипломиран економист во областа на маркетинг менаџмент.
Тина Мицковска, која претходно беше задолжена за односи со јавноста на Зоолошката градина од денеска е прв соработник и заменичка на новиот директор на ЗОО.
Ѓорѓи Галетановски вчера преку Фејсбук статус информираше дека си поднесува оставка од функцијата.