Dark Mode Light Mode

Владата ги „замрзна“ цените и на оризот, јајцата и тестенините

Владата на денешната седница донесе одлука за проширување на листата на производи за кои се замрзнуваат цените на оние кои биле на 1 декември 2021 година во трговијата на мало и на големо. Се работи за оризот, јајцата и тестенините.

Претходно, на оваа листа се најдоа: леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомесни производи и сирење и урда.

Ваквата одлука е со цел да да се превенираат евентуалните поскапувања на овие основни производи кои исто како и другите основни прехранбени производи масовно се користат во исхраната на населението. 

Реклама

Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година.

На бесплатниот телефонски број 191 на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) граѓаните можат да пријават случај на драстично зголемени цени на основни прехранбени производи кои со одлука на Владата се замрзнати.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во секој дел од Скопје има траги на деструкција  

Next Post

Заев ќе им го претстави наследникот на коалициските партии

Реклама