АД ЕСМ достави понуда до Универзалниот снабдувач со електрична енергија ЕВН Хоум за задоволување на 100 отсто од планираните потреби за тарифните потрошувачи за првата половина на наредната година. Понудата што ја достави на петтиот тендер на ЕВН Хоум изнесува 41 евро за мегават час електрична енергија и е за 13,6 отсто повисока од понудата за периодот јули-декември 2021 година.
-Добиената купопродажна цена е за 13,6 отсто повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач за набавка на електрична енергија за периодот јули-декември 2021 година, кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена на електрична енергија од 36,1 евро за мегават час за вкупните планирани потреби на ЕВН Хоум како Универзален снабдувач, велат од ЕВН Македонија.
Владата на една од минатите седници му даде препорачана цена на АД ЕСМ а да учествува на тендерот на ЕВН Хоум. На седницата беше затворена за јавноста и не се откри за која цена се работи. Министерот за економија Крешник Бектеши тогаш рече дека нема да биде повисока од 10 отсто.