Dark Mode Light Mode

Има или нема француската иницијатива за решавање на спорот со Бугарија?

Има или нема некаква француска иницијатива за решавање на спорот со Бугарија и за деблокада на македонските евроинтеграции? Ова прашање се наментнува откако вчера постоењето на иницијативата од Париз ја посочи првиот владин вицепремиер Артан Груби.

-Да, има вистина дека има француска иницијатива за решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, за да седнат на маса, за да се надминат сите разлики на начин што наредните месеци на 2022 година, на пролет, да се одржи првата меѓувладина конференција, изјави вчера Груби.

Меѓутоа, бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека не се информирани за француската иницијатива

Реклама

-Во дипломатските кругови нема таков предлог, пренесе бугарската агенција БГНЕС.

Најавената иницијатива од страна на Груби е изненадување и поради фактот дека македонските претставници до вчера убедуваа дека најдобро е да се брза со добивање „датум“ оти претстојниот период на француското претседателство со ЕУ мали се шансите за некаков договор поради претседателските избори за нов лидер на Франција.

Вчера и потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски изјави дека целата ситуација станува несериозна.

-Артан Груби зборува за француски врски и датум за преговори, Никола Димитров вели да не шириме лажен оптимизам, а Бујар Османи молчи. Ова е несериозно, а несериозно е веќе и да се коментираат овие луѓе, рече Николоски за ТВ Алфа.

Владините претставници не објаснуваат од каде сега се појави информација за француската иницијатива и што таа содржи. Тие постојано укажуваат дека шансите дека ќе се постигне договор за кревање на бугарското вето ќе се намалат во првата половина на претстојната година. Тогаш Франција го презема шестмесечното претседателство со ЕУ но во тој период се одржуваат и изборите за француски претседател.

-Да не заборавиме дека идниот претседавач со ЕУ, Франција има претседателски избори во април. Заради тоа, немаме многу време пред да почне нивната кампања. И завчера на Софискиот форум потенцирав дека прозорецот на можности е отворен сега, потенцира деновиве владиниот претставник во спорот Владо Бучковски.

Што е вистина околу француската иницијатива? Ќе дојде датумот кога и тоа ќе го дознаеме. Само го нема датумот за датум за преговори со ЕУ кој поодамна го прославуваа владини преставници.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Арсовска: Можен е референдум за јавниот превоз во Скопје, решението на Шилегов има недостатоци

Next Post

Од 120 диви депонии во Скопје градоначалничката Арсовска вели расчистени се над 30

Реклама