Dark Mode Light Mode
За секое новороденче во Гази Баба помош од 5.000 денари
Академик Коцарев: Обвинувам за велепредавство, ве повикувам да направиме сѐ да не згасне Македонија
Македонско-бугарската комисија се уште е далеку од решение

Академик Коцарев: Обвинувам за велепредавство, ве повикувам да направиме сѐ да не згасне Македонија

Обвинувања дека во земјава се случува велепредавство, работење против државните интереси, за распаѓање на Македонија по сите основи. Oва го напиша академик Љупчо Коцарев, претседател на Македонската академија на науките и уметностите. Тој во денешната негова колумна објавена во реномираниот весник „Нова Македонија“ под наслов „Ј’accuse!“ упати и повик да се направи се за да не згасне Македонија.

Во продолжение пренесуваме делови од колумната на академик Коцарев:

-Насловот на денешнава колумна – „Обвинувам!“ е позајмен од писмото објавено на насловната страница во весникот „Зора“ на 13 јануари 1898 г., во кое Емил Зола ги обвинува француските власти за антисемитизам, корумпираност и монтиран судски процес, во кој неправедно го осудуваат Алфред Драјфус…

Реклама

-Зошто, пак, јас се одлучив за ваков наслов? Никогаш во историјата на една држава, вклучувајќи ја и нашата, или народ, вклучувајќи го и нашиот, не се случило тоа што се случува деновиве во Македонија: лидер да продаде сѐ, дури и своите предци, своите поколенија, внуци, правнуци…, а на крајот и својата партија (која единствено навидум му веруваше), за да опстои на власт…

-Адам Смит, познат по прекарот татко на економијата, инаку раководител на Катедрата за морална филозофија на Универзитетот во Глазгов, потенцирам МОРАЛНА филозофија, во 1776 година, пред 245 години, ќе напише: „Трговците и производителите ниту се, ниту треба да бидат владетели на човештвото“. За жал, токму тоа ни се случи нам. Вознемирен од тековните случувања, не само како граѓанин на оваа наша татковина туку и, пред сѐ, како член во храмот на науката и уметноста, кој е општествено должен да не остане нем и слеп на стварноста, ве повикувам да направиме сѐ за да престане ова лудило, со разумност, низ соодветните правни институционални рамки на едно демократско општество. Ве повикувам да направиме сѐ да не згасне Македонија.

-Да не згасне Охридската книжевна школа формирана во 886 година! Да не згасне македонскиот духовен универзум, да не згаснат МАНУ, УКИМ и МПЦ! Ве повикувам да се обединиме!!!

-Обвинувам за велепредавство, за изневерување на македонските принципи, за плиткост, за неукост, за кусогледост, за самоукинување, за немање визија, за властољубие, за користољубие, за неправда, за немање осет за геополитичка стратегија, за работење против државните интереси…

-Обвинувам за помор на македонскиот род, македонското име, за сè што е македонско.

Целата колумна на претседателот на МАНУ може да ја прочитате ТУКА.

 

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

За секое новороденче во Гази Баба помош од 5.000 денари

Next Post

Македонско-бугарската комисија се уште е далеку од решение

Реклама