Dark Mode Light Mode
По автопатот Скопје-Велес си возеле 150 килограми марихуана
Народниот правобранител никој не го „шиша“ – само една третина од институциите одговараат на неговите барања
Осум починати во 24 часа и уште 7 од претходно - има 361 нови заразени со ковид

Народниот правобранител никој не го „шиша“ – само една третина од институциите одговараат на неговите барања

Канцеларијата на Народниот правобранител направи анализа за периодот од јануари до август 2021 година за постапувањето на органите по барањата и другите интервенции на Народниот правобранител по претставките за заштита на човековите права. Во посочениот период, до Канцеларијата на Народниот правобранител стигнале 1.760 претставки, од кои за 1.097 омбудсманот отвори постапки и презеде дејствија или во проценти 62,32 отсто, по што преземени се 1.417 дејствија кон органи на државната власт, единици на локална самоуправа, органи и организации со јавни овластувања.

Само 436 органи и служби доставиле одговор во законски утврдениот рок односно по 30,77 посто од поставените барања. За 865 одговори после рокот или по дополнителни дејствија преземени од наша страна, додека по 116 дејствија воопшто не е одговорено. Во однос на добиените одговори 1.062 се целосни и ги содржат бараните информации или 74,95 посто, додека 232 одговори или 16,88 посто се неформални, несуштински.

На денешната конференција по повод 10 декември, Меѓународен ден на човековите права, Народниот правобранител Насер Зибери истакна дека со дел од институциите нема доволно соработка и апелираше до овластените органи да вршат влијание врз овие институции во иднина да се подобри соработката со Народниот правобранител, да даваат навремени и суштински одговори во законски увтрдени рокови.

Реклама

Како институции кои или соработуваат со постојано инсистирање или воопшто не одговараат по интервенциите на Народниот правобранител, а најчесто доставуваат формални одговори кои не овозможуваат ефикасна заштита на правата на граѓаните, Зибери ги посочи: министерствата за здравство, за транспорт и врски, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за труд и социјална политика, МВР поготово Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги, Управниот, Врховниот суд, Основниот граѓански суд Скопје, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, ОЈО Охрид, Кичево и генералниот секретаријат на Владата, Управата за водење матични книги, Државниот завод за статистика, Град Скопје, општините Берово, Кочани, Тетово, Битола, неколку јавни претпријатија комунални и државни.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

По автопатот Скопје-Велес си возеле 150 килограми марихуана

Next Post

Осум починати во 24 часа и уште 7 од претходно - има 361 нови заразени со ковид

Реклама