Dark Mode Light Mode

Осум починати во 24 часа и уште 7 од претходно – има 361 нови заразени со ковид

Во последните 24 часа направени се 3.028 тестирања, а регистриран е 361 нов случај на ковид-19, оздравени се 433 пациенти и регистрирани се осум починати лица, информира Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа, регистрирани се нови заболени во Скопје – 166, Прилеп – 41, Битола – 30, Кавадарци – 22, Кочани – 14, Куманово и  Велес –  по 12, Тетово – 8, Гевгелија – 6, Неготино, Радовиш и Делчево – по 5, Кичево, Берово, Валандово и Македонски Брод –  по 4, Струмица – 3, Гостивар, Штип, Охрид, Богданци и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 433 оздравени пациенти.

Реклама

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се осум починати лица, од кои четири починати од Скопје (61г, 71г, 71г и 83г), три починати лица од Битола (70г, 74г, и 84г) и едно починато лице од Куманово (47г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени седум починати лица со датум на смрт од 26.11.2021 до 08.12.2021. Регистрираните починати лица се од  Тетово (3), Скопје (2) и Гостивар (2). Починатите лица се на возраст од 47 до 88 години. Четири лица се починати во домашни услови, а три лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.723, бројот на оздравени пациенти е 205.303, на починати е 7.710, а бројот на активни случаи изнесува 5.620, од кои во Скопје 2.739 лица.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Народниот правобранител никој не го „шиша“ - само една третина од институциите одговараат на неговите барања

Next Post

Бектеши на Косово разговара за набавка на јаглен

Реклама