Министерот за економија, Крешник Бектеши, за време на неговата посета на Косово, на средба со косовската колешка Атане Ризваноли, разговарале за можноста за набавка на јаглен од Косово за потребите на земјава за да се зголеми домашното производство на електрична енергија.
Бектеши на состанокот бил заедно со заменик-директорот на ЕСМ, Имер Зенку, а од косовска страна присуствувал и директорот на Косовската енергетска корпорација (КЕК), Нагип Красниќи.
Тие ги започнале преговорите за условите за набавка и договориле во наредниот период да се потпише Меморандум за разбирање меѓу двете земји со кој ќе се обезбедат потребните количини јаглен.
Тој смета дека од договорот и двете страни ќе имаат корист ако се има предвид дека во одредени месеци и Косово можеби ќе треба да увезува струја од Македонија и обратно.