Dark Mode Light Mode

Околу 900 родители со петиција бараат маските да не бидат задолжителни за учениците

Заштитните маски против ширењето на корона вирусот да не бидат задолжителни за учениците туку тоа да биде само препорака и право на избор на родителите, пишува во петицијата која деновиве се потпишува од страна на родителите од иницијативата „Стоп за задолжителното носење на маски во училиштата“. Својот потпис на петицијата досега го ставиле околу 900 родители.

-Континуираното носење маски е исклучително тешко по здравјето на нашите деца, особено што децата се приморани да носат и маски за време на часовите по физичко воспитување, спротивно на сите препораки од СЗО и експерти. Истото не е предвидено ниту во протоколот за работа во основните и средните училишта, но сепак истото се уште се практикува, се вели во барањето.

Тие укажуваат дека здравјето на децата е сериозно загрозено со постојаното носење на заштитните маски бидејќи се отежнува дишењето.

Реклама

-Не може безгрижно да се прославуваат нови години, журки и забави додека децата се гушат со маски за време на училишните часови. Додека вакцинираните и прележаните се гласни за олеснување на мерките, децата на училиште молчат, а ги дисциплинираат како да се роботи. Дишат низ маски по седум часа, а освен тоа им земаат брисеви по случаен избор, им вперуваат топломер како пиштол во глава секој ден, седат на провев и не можат веќе да издржат, реагираат родителите.

Петицијата со аргументот дека долготрајното носење маски е штетно по здравјето на учениците тие го испратија до Комисијата за заразни болести и до Министерството за здравство.

Од иницијативата предлагаат и засилена контрола при детектирање на болни деца, но строго се противат на скрининг и тестирање на дневна основа, бидејќи сметаат дека тоа ги трауматизира децата. Родителите – потписници велат дека доколку не им се уважи барањето ќе излезат на протести на улиците.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од 120 диви депонии во Скопје градоначалничката Арсовска вели расчистени се над 30

Next Post

По автопатот Скопје-Велес си возеле 150 килограми марихуана

Реклама