Естрадниот уметник и композитор Александар Митевски, заедно со актерот Драган Спасов Дац, се новите кумови за прославата на Бадник 2022. Здравичарот Живко Поповски Цветин го дополнува уметничкиот состав, на прославата која ќе се одржи 29 година по ред.
Здружението граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје“, најави собир за берба на бадникови гранчиња на 26 декември на јужната страна на Водно, додека на 6 јануари 2022 години ќе се одржи централната прослава на празникот.