Малолетно девојче било силувано од страна на нејзин роднина. Како што соопшти полицијата, случајот вчера го пријавиле родителите на девојчето.
-Дваесет и тригодишна жена од Скопско и нејзиниот сопруг пријавиле дека нивен малолетен роднина извршил обљуба врз нивната малолетна ќерка. За настанот бил известен Центар за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.