Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи в недела во спортската сала „Јане Сандански“, со присуство на над 500 делегати. Од десет до 12 часот е предвидена регистрација на гостите и на делегатите. Конгресот во 12 часот ќе го отвори Ѓорѓи Сајковски, а претседавач на работното претседателство ќе биде Александар Николоски.
После тоа ќе следи затворен дел на којшто ќе присуствуваат само делегати. Од 16 до 17:30 часот ќе биде паузата за гласање, по што е предвидено обраќање на новиот претседател на партијата.
Досега од она што се знае во јавноста, единствен кој објави дека се кандидирал е актуелниот лидер Христијан Мицкоски.