Dark Mode Light Mode
Седум починати и 168 нови заразени за 24 часа од 1.478 теста
Груби: Постои француска иницијатива за решавање на спорот со Бугарија
В недела конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Груби: Постои француска иницијатива за решавање на спорот со Бугарија

Постои француска иницијатива за решавање на спорот со Бугарија, изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

– Ние ги поднесовме одговорите кон сите прашања што ги има поднесено Бугарија во најконструктивна можна форма и чекаме новите власти, претседателот Радев, новата Влада, да му пристапат на дијалогот околу овие прашања на конструктивен начин. Да постигнеме зделка која ќе ни ја отвори вратата кон ЕУ, рече Груби денеска, одговарајќи на новинарско прашање.

-Да, има вистина дека има француска иницијатива, за да седнат на маса, за да се надминат сите разлики на начин што наредните месеци на 2022 година, на пролет, да се одржи првата меѓувладина конференција, рече Груби.

Реклама

Тој додаде и дека апсолутно постои оптимизам за преговори и за добивање позитивен сигнал на декемврискиот самит на ЕУ за отпочнување на преговори за нас и за Албанија во првите месеци од следната година.

– Ние работиме, одговорите на нивните барања се веќе испратени и може да се разговара по однос на тие одговори со новата Влада во соседна Бугарија и се надевам дека конструктивно ќе пристапиме и ќе ги решиме сите отворени прашања затоа што очекуваме конструктивен пристап и од нашите бугарски колеги, рече Груби.
Прашан како ја толкува вчерашната порака од Бугарија дека нема да се промени нивниот став, Груби повтори дека се надеваат на конструктивен пристап од бугарска страна.

– Имаме нова влада која треба да се избере. Ќе комуницираме со новата влада, која е резултат од изборите коишто само што завршија во соседна Бугарија и се надеваме на тој конструктивен пристап затоа што кај нас има лодготвеност за компромис којшто е достоинствен и за нашата земја посебно за моите сограѓани Македонци, заклучи Груби.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Седум починати и 168 нови заразени за 24 часа од 1.478 теста

Next Post

В недела конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Реклама