Dark Mode Light Mode
Таравари: Влада со Алтернатива во неа нема да трае долго
Заев и Гаши си подадоа рака како владини партнери – следат разговори за позициите
Утре со дожд, а некаде и снег

Заев и Гаши си подадоа рака како владини партнери – следат разговори за позициите

Премиерот Зоран Заев, и претседателот на Африм Гаши постигнале начелна согласност за програмскиот дел од можната идна соработка со влез на Алтернатива во Владата, соопштија од Владата.

-Соговорниците се согласни дека реформскиот и европскиот курс за кои се определени граѓаните и државата мора да продолжат и дека во овие моменти најважна е стабилноста на институциите на државата кои им служат на граѓаните. На тој начин ќе се обезбедат и најдобри решенија за најголемите актуелни предизвици како што се КОВИД-19 пандемијата и глобалната енергетска криза, се вели во соопштението од повеќечасовната средба во Клубот на пратеници каде немаше изјави.

Сега следуваат разговори за можните кадровски решенија, односно за соодветните позиции, министри, заменици министри и други раководни лица во рамки на централната власт.

Од Владата велат дека во деновите што следат, ќе продолжат консултации во партиите, по што ќе следи и нова работна средба помеѓу премиерот Заев и претседателот на Алтернатива, Гаши со нивните тимови.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Таравари: Влада со Алтернатива во неа нема да трае долго

Next Post

Утре со дожд, а некаде и снег

Реклама