Dark Mode Light Mode

Таравари: Влада со Алтернатива во неа нема да трае долго

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари смета дека доколку Алтернатива прифати да влезе во Владата, таа нема да трае долго.

Таравари по средбата со амбасадорот на ОБСЕ, Клеменс Која изјави дека ќе ја почитуваат одлуката на Алтернатива, напоменувајќи дека на претходните избори како коалиција добиле 82 илјади гласови за, како што рече, „анти-ДУИ политиката.

– Пред година и пол излеговме со г-динот Гаши на парламентарни избори и добивме гласови од граѓаните против политиките на ДУИ. Договорот беше потпишан за четири години и секако не мора да се придржуваат до тоа. Како ќе одлучат, така. Ние ќе ја почитуваме нивната одлука. Доколку влезат во влада, таа влада нема да биде  одржлива, бидејќи има нестабилност во СДСМ. Таму владеат фракции и има многу неисполнети ветувања кон коалициските партнери. Сметам, дека наредната 2022-ра година ќе биде изборна, рече Таравари.

Реклама

Според него, земјава на 14. декември нема да добие датум за почеток на преговорите за влез во ЕУ, бидејќи, како што рече, информации кои ги добиваат од Брисел е дека датум ќе добиеме во 2023-та година.

Алијансата за Албанците рече дека ќе останат во опозиција и веќе прават подготовки за Конгресот што го планираат за напролет, на кој приоритет ќе биде реорганизација и ребрендирање на партијата со кои ќе настапат на претстојните избори.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од среда кој сака кеса во маркет ќе треба да плати по 15 денари за парче

Next Post

Заев и Гаши си подадоа рака како владини партнери - следат разговори за позициите

Реклама