Телата на 45 загинати во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, која се случи на 23 ноември, во петок ќе бидат префрлени во Скопје.
Шефот на дипломатијата, Бујар Османи на Фејсбук објави дека разговарал со заменик-главниот обвинител на Бугарија, Борислав Сарафов, кој му кажал дека телата ќе бидат достапни за пренесување во четврток.
Преносот ќе се изврши со авион на Република Бугарија, по барање на нашата Влада кое било прифатено од бугарската страна.
-Од Меѓународниот аеродром Скопје, преку организиран државен протокол, останките ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови. Останувам во блиска комуникација со семејствата за останатите детали, а јавноста ќе биде навремено информирана, вели Османи.