Dark Mode Light Mode
Бензинот поскапува, дизелот поевтинува
Три пати повеќе лица примиле трета, во споредба со прва доза вакцина против ковид
Ниту претседателот на државата не ја добил оставката на Заев

Три пати повеќе лица примиле трета, во споредба со прва доза вакцина против ковид

Во петокот и во саботата аплицирани се вкупно 5.556 дози вакцини, од кои 950 се аплицирани како прва доза, 1.124 се ревакцинирани, а 3.482 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.

Заклучно со 31 октомври вкупно се вакцинирани 805.008 граѓани, ревакцинирани се 775.825, а трета доза примиле 30.852 граѓани. 54% од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57% , а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Бензинот поскапува, дизелот поевтинува

Next Post

Ниту претседателот на државата не ја добил оставката на Заев

Реклама