Dark Mode Light Mode

Коалициските партнери на Заев бараат тој да не дава оставка, барем не сега

Сите владини коалициски партнери на денешната средба во Владата биле апсолутно против оставката на премиерот Зоран Заев.

Првиот вицепремиер Артан Груби изјави дека сметаат оти таа е избрзана и дека тој треба да продолжи да ја предводи Владата и да се продолжи со политиките.

-Недвосмислено дадовме поддршка на политиките на Владата на премиерот и на цела владина коалиција за продолжување со европската и реформската агенда на Владата и немаше ниту еден сомнеж од ниту еден од учесниците на состанокот во однос на парламентарното мнозинство, рече Груби.

Реклама

Аријанит Хоџа од БЕСА пак дека воопшто не навлегле во темата за евентуален нов мандатар или за нов состав на Владата, иако тој потврди дека Заев останал на оставката.

Побарале тоа да биде процес односно да се даде време кога тоа би се извршило.

-Ние сме во многу деликатна политичка ситуација каде што навистина може било каков погрешен чекор да направи тотален хаос, а тоа би не носело во предвремени избори за што сите се согласивме дека не е момент, рече Хоџа по средбата.

Пред средбата лидерите на ДОМ, ЛДП, НСДП и ДПА изјавија дека остануваат во владејачката коалиција.

Овие партии имаат вкупно шест пратеници во парламентарното мнозинство кое брои 62, и тоа: двајца има НСДП, двајца ЛДП, еден ДОМ и еден ДПА (Мендух Тачи).

Денешната средба следи откако синоќа премиерот Зоран Заев поднесе оставката од премиерската функција и од функцијата лидер на партијата, но дека останува на ставот оти не се потребни парламентарни избори.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од денеска нова авиолинија Скопје= Женева три пати неделно

Next Post

Бугарското МНР се крена по нападот врз Арсовска: Дали кампањата на СДСМ уште повеќе ја налути Бугарија?

Реклама