Dark Mode Light Mode

„Левица“: Задолжителен пренос во живо на седниците на советот

Транспарентност во работата на општинските совети низ Македонија, бараат советниците од „Левица“. Лидерот на оваа партија на Фејсбук кусо напишал:
-Задолжителен пренос во живо на седниците на советите.
Воедно тој го објавил и соопштението на неговата партија кое ви го пренесуваме во целост:
-Денес, советниците на Левица ширум Републиката, побараа пренос на седниците на советите ВО ЖИВО – нешто што е во законската одредба, со цел граѓаните да имаат директен увид во работата на советите.
Во некои од општините, како што е случајот во Советот на Општина Штип, веќе се применува оваа пракса, но, мораме да потенцираме дека не е во целост спроведена, односно дека има технички пропусти во преносот, па поради тоа треба да се интервенира во однос на техничката поддршка.
За општините каде што нема ваква пракса, очекуваме при првата следна седница истата да биде спроведена и СЕДНИЦИТЕ да бидат соодветно пренесувани во живо од страна на општината, бидејќи општината е должна на граѓаните јавно да им обезбеди достапност до седниците на советот, според член 8 од Законот за локална самоуправа.
Меѓудругото, се бориме за се’ помасовна употреба на уставното име усвоено со Референдумот од 1991 година, коешто формално правно е, и мора да биде во употреба, бидејќи промената на името после неуспешниот Референдум во 2018 е противуставна и спротивна на изразената волја на граѓаните!
Поради ова, на денешната седница во Општина Штип, претставникот на Левица во Советот, остро застана зад позициите на ставот на Партијата – свечената изјава да биде потпишана како што е пропишана во Законот за локална самоуправа – односно, со името Република Македонија!
Освен во Општина Штип, свечена изјава со правилното име – Република Македонија, беше потпишана и од страна на советниците на Левица во Општина Аеродром!, стои во партиското соопштение.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Интересот за билет плус расте: Во среда повторно се игра „Жизел“ во МОБ

Next Post

Кого Заев ќе го послуша за оставката - гласачите или ДУИ?

Реклама