На Меѓународниот аеродром Скопје попладнево во 15.05 часот беше пречекан првиот лет на „ИзиЏет“ од Женева, со што нискобуџетната авиокомпанија го означи почетокот со операции на македонскиот пазар. Во текот на зимскиот ред на летање, од денеска до 25 март следната година, летовите на оваа авиолинија ќе сообраќаат секој понеделник, четврток и петок.
Женева ќе биде третата дестинација во Швајцарија со која од Меѓународниот аеродром Скопје ќе има авионска конекција, по Цирих и Базел.