Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, денеска, по спроведеното тајно гласање, и официјално ги објави добитниците на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2021 година.
Од областа на науката e проф.д-р Денко Малески и д-р Емил Ниами, автор, лектор, преведувач, автор на првиот Речник на антонимите во македонскиот јазик и на првиот Речник на паронимите во македонскиот јазик.
Од областа на образованието и воспитанието проф. д-р Мишо Докмановиќ и Слободан Петровиќ, новинар, публицист.
Од областа на културата Ирена Колиштркоска Настева, археолог и Лилјана Пандева, писател, поет, прозаист.
Од областа на уметноста Емилија Џипунова, балетски уметник и балетски критичар
Од областа на здравствената заштита е Медицински тим на доктори – кој ја изведе првата операција во Македонија: ИМПЛАНТАЦИЈА НА ВЕГУС НЕРВ СТИМУЛАТОР (ВНС), кај пациенти со епилепсија резистентна на лекови: доц. д-р Владимир Рендевски, доц. д-р Венко Филипче, проф. д-р Владимир Башчаревиќ, проф. д-р Емилија Цветковска, н.сор. д-р Бојан Бошковски, доц. д-р Иван Барбов, асс. д-р Благој Шунтов, д-р Радмила Панговска, д-р Јасна Бушиноска, и Тим за имунизација од ковид при ЗД Скопје.
Правни лица се: ЈНУ ИНСТИТУТ за македонска литература – Скопје и ООУ „Кирил и Методиј“ село Стајковци, Општина Гази Баба, Скопје.
Оваа награда на лице од друга држава му се доделува на Раде Шербеџија, режисер, актер
Ученици и студенти добитници на наградата се: Сандра Недановска, ученичка во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје.
Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание од Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Северна Македонија и во светот. Наградата може да се додели и на физички и правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот. Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на градот Скопје.