Dark Mode Light Mode

Кого Заев ќе го послуша за оставката – гласачите или ДУИ?

Премиерот и лидер на СДСМ во неделата вечерта немаше дилеми дека треба да си замине од премиерската фотелја. Рече – давам оставка. Дали сега почнува да се предомислува?

Оставка на Зоран Заев уште не е писмено поднесена до Собранието. Од синоќа тој како да е во дилема околу своето заминување. Причина се две пораки кои ги доби во изминативе два дена: онаа на неделните локални избори кога убедливо мнозинство на граѓани во Македонија му порачаа дека веќе не ги поддржуваат неговите политики на внатрешен и на надворешен план и онаа од вчера од коалициските партнери во Владата кои побараа да остане и натаму на функцијата. Дилемата, извесно, ја испровоцира и самиот Заев со тоа што во недела вечер не соопшти дека оставката му е неотповиклива и со што ќе се спречеше ваквиот развој на настаните.

Ако се споредува силината на двете пораки тогаш се очекува да е јасно дека онаа од граѓаните е поголема и подиректна. Гласачите недвосмислено порачаа дека веќе во нивно име не може да се прави она што досега се правеше како владина политика, сите оние скандали и афери кои се продуцираа, несправувањето со корупцијата и со криминалот, како и сите промени кои се правеа во однос на македонската историја и идентитет. Кога се праќа една таква јасна и убедлива порака, посебно и во ситуација кога самиот Заев го наметна и бараше таквото народно изјаснување, тогаш е јасно кого тој треба да послуша.

Реклама

Но, дали ќе биде така? Барањата за останување на Заев и натаму на функцијата, кои вчера ги повтори и првиот вицепремиер Артан Груби од ДУИ, ќе му бидат ли поважни во донесувањето на одлуката? Инаку, и самата ДУИ треба да се преиспита колку и понатаму е „победничка“ партија во албански избирачки кампус, но тоа е друга тема. 

Да, точно е дека државата е во деликатна политичка ситуација, но таа „деликатност“ трае со години и децении и во такви ситуации нели е подобро (односно време е) да се слуша и што мисли мнозинството во Македонија?  

Да се надеваме дека Заев нема долго да се дума како при оставката на министерот Филипче. Македонија нема време да чека уште една дилема долго да се осмислува, разгледува, преџвакува, сменува…

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

„Левица“: Задолжителен пренос во живо на седниците на советот

Next Post

Милевски од ЛДП: Не ни е толку важно името на новиот премиер, туку како ќе продолжи новата политика

Реклама