Dark Mode Light Mode

Бројот на жртви во пожарот во Тетово се искачи на 14, се испитува дали има и други починати лица

По синоќешната трагедија при пожарот во тетовската болница денеска се уште се прави истрага околу случјот. Бројот на жртви во пожарот во модуларната болница за лекување на ковид – пациенти се искачи на 14. Од Јавното обвинителство наведуваат дека се испитува дали има и други починати лица.

-Обвинителите издадоа наредби за обдукција и идентификување на телата на 14 лица починати во пожарот, а се испитува и дали има и други починати лица. За некои од починатите ќе биде потребна ДНК анализа за да се утврди нивниот идентитет. Според првичните сознанија, меѓу починатите нема медицински персонал, велат од обвинителството.

Во исто време, издадена е наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот во и околу објектот. Увидот ќе продолжи и во текот на денешниот ден, а јавните обвинители заедно со експертите на МВР, ќе ги обезбедат доказите за целосно расчистување на трагичниот настан.​

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Турската претстава „Венера во крзно“ вечерва на театарскиот вестивал „Скупи“

Next Post

Променливо облачно време со температура до 25 степени

Реклама