Како дојде со стравичниот пожар во Тетово? Одговор бараат на терен неколку обвинители. Истрагата би требало да ги открие вистинските причини за големиот пожар кој остави трагични размери синоќа во Тетово. Засега, има само претпоставки. Премиерот Зоран Заев синоќа соопшти дека на пожарот му претходила експлозија. Што експлодирало и во која просторија не се знае. Можни се повеќе варијатни, но тие треба под итно да се расчистат.
Под итно, во меѓувреме, мора да се изврши проверката и на сите останати 16 модуларни болници кои се направени во повеќе градови во Македонија. Не треба ништо да се остави непроверено треба да се утврди во каква состојба се дали нешто треба веднаш да се поправи, донаправи…
Инаку, сега излегуваат информации дека тетовската модуларна болница имала проблеми уште при отворањето на 15 април годинава. Но, се тврди дека грешките биле од помали размери. Како и да е, сомнежите дека нешто не е во ред со модиларните болници се појавија. Имаат ли квалитена електрична инсталација, каква е инсталацијата за доток на кислород…? Сето ова се дилеми кои веднаш треба да се расчистат.