Dark Mode Light Mode

Наскоро чартер Москва-Охрид?

Една од најголемите руски авиокомпании „Нордвинд“ најави дека од 2022 година, по точно 20 години пауза, повторно ќе ги поврзе Охрид и Москва со чартер лет, два пати неделно.

Како што соопшти Агенијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), интересот на руските туристи е генерално насочен кон културниот и верскиот туризам, но во последно време доминира интересот за специјализирани кратки одмори, до 4 дена, во кои руските туристи би имале полна агенда. Ено-гастро туризмот е нешто за што веќе има интерес и резервации, а веднаш зад него е активниот туризам, посебно параглајдингот.

Според АППТ, со воспоставување на редовна директна воздушна линија Скопје – Москва се овозможува и полесна соработка на сите полиња полиња, а посебно важно е дека ќе се зголеми просечниот престој на туристите од Руската Федерација од 2,2 дена на минимум четири дена и ќе продолжи трендот на пораст на туристи од овој пазар, кој пред корона кризата растел со 13 отсто на годишно ниво.

Реклама

-По неколку обиди минативе години да се воспостави соработка на полето на туризмот и бројни посети на туроператори од Руската Федерација, со отворање на директната линија Скопје – Москва се отвора можност за соработка со еден од најголемите пазари. Она што е карактеристично за оваа авио-компанија се флексибилните авионски билети, опции за лојалност и распоредот на летови, што овозможува полесно движење на туристите кои сакаат да патуваат индивидуално, но и оние кои ќе одлучат тоа да го сторат со посредништво од туристичка агенција, велат од Агенцијата.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

На 19 дена пред стартот на учебната година: Не се знае ниту моделот на настава, а нема ни учебници и свидетелства

Next Post

Македонската фудбалска репрезентација падна за десет места на ФИФА листата

Реклама