На две недели пред почетокот на Олимписките игри во Токио, јапонскиот премиер Јошихиде Суга воведе вонредна состојба во престолнината, која ќе трае до 22 август.
Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август.
Властите на земјата одлучија да воведат вонредна состојба поради нагло зголемување на случаите на зараза со корона вирус во регионот. Вчера, Токио забележа најголем број нови случаи од средината на мај (920).
Денеска, Меѓународниот олимписки комитет и организаторите на Игрите ќе донесат нова одлука во врска со присуството на локалните навивачи на спортски објекти. Многу е веројатно, натпреварите во главниот град на Јапонија и околните префектури да се одржат без гледачи.