Dark Mode Light Mode

Во Србија над 200 новозаразени за еден ден, властите препорачуваат трета доза

Во последните 24 часа во Србија биле регистрирани 202 новозаразени од 8.853 тестирани, а тројца пациенти починале.

Во моментот има 323 хоспитализирани, од кои 10 пациенти се на респиратори.

Од почетокот на пандемијата, 7.098 лица починаа од последиците на вирусот во Србија, додека 719.664 лица беа заразени.

Реклама

Експертскиот комитет за имунизација им препорача на граѓаните на Србија кои ја примиле втората доза на вакцина пред најмалку шест месеци да им се даде трета доза, базирана на технологијата на РНК, како што се произведени вакцините од компаниите „Фајзер“ и „Модерна“.

Во препораката се наведува дека неколку студии досега покажале оти примената на третата доза доведува до зголемување на имунолошкиот одговор.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Направил сообраќајна несреќа и избегал, кога го нашла полицијата удрил полицаец и продолжил да бега

Next Post

Сончево со мала облачност, температури до 35 степени

Реклама