Dark Mode Light Mode

Ситуацијата со Ковид-19 во Србија се влошува

Српскиот епидемиолог и член на Кризниот штаб, Предраг Кон изјави денеска дека епидемиолошката состојба во државата е влошена и уште повеќе ќе се влошува, очекувајќи оваа недела бројот на новозаболени да надмине 300 лица.

Тој истакна дека во следниот период сигурно ќе има четирицифрен број на нови инфекции на дневна основа, дека околу 300 лица сега се хоспитализирани, но не очекува притисок врз здравствениот систем како што беше кога имаше повеќе од 9.000 хоспитализирани во Србија.

На прашањето кога може да се очекува врв на четвртиот бран, Кон за ТВ Пинк рече дека нагорната линија трае осум недели – почна во последната недела од јуни и ќе продолжи во август. Дополнителен проблем, како што нагласи Кон, очекува во септември, на почетокот на учебната година, а претходно голем број луѓе ќе се вратат од летните одмори.

Реклама

– Но, ние исто така имаме вакцинирани, што е важно како факт кој ќе влијае на развојот на ситуацијата. Ако немавме вакцинирани, не би било чудно овој последен скок да биде врвот, но ќе има четирицифрен број на заразени на дневна основа, тоа е јасно”, додаде Кон.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Казнети 204 возачи во Скопје, од кои 118 за брзо возење

Next Post

Повик до македонските иселеници да достават материјали за да се документира нивното постоење

Реклама