Dark Mode Light Mode

Една доза „Фајзер“ и „Астра Зенека“ не е доволна заштита од делта-сојот

Делта-сојот на коронавирусот, кој се шири побрзо од претходните варијанти, може да биде отпорен на некои третмани со антитела, па дури и на делумна вакцинација, покажа студија на францускиот институт „Пастер“.

Истражувачите ја тестирале крвта на луѓето што претходно биле заразени со ковид, како и на оние што примиле само една доза вакцини „Фајзер“ или „Астра Зенека“ и заклучиле дека овој вид заштита не е доволен за неутрализирање на овој вид.

Сепак, само по две дози на вакцина, овој вид бил успешно спречен, покажаа резултатите од истражувањето објавено во списанието „Нејчр“.

Реклама

Делта-сојот ги загрижи здравствените власти за можноста за брзо ширење. Првпат беше идентификуван во Индија и се прошири во повеќе од 90 други земји.

Во споредба со алфа-сојот, кој првпат беше откриен во Обединетото Кралство, делта-сојот е четирипати помалку чувствителен на антитела во крвта на луѓето што закрепнале од ковид до 12 месеци по нивната инфекција.

Луѓето што примиле само една доза на вакцина од „Фајзер“ или „Астра Зенека“ биле слабо или воопшто не биле заштитени, ниту од делта ниту од бета-сојот, кој првпат е откриен во Јужна Африка.

Во меѓувреме, компаниите „Фајзер“ и „Бионтех“ соопштија дека имаат намера да побараат овластување во наредните недели за да дадат трета доза од нивната вакцина против ковид-19.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Казна затвор за момчето кое ја прегази Верица Белчовска чии органи спасија неколку животи

Next Post

Стигнаа 100 илјади вакцини „Астра Зенека“ од Грција - ќе има ли кој да ги прими

Реклама