Нестабилно време на повеќе места предвидува УХМР за деновите од викендот, особено во попладневните часови при што некаде се очекува невреме со појава на град и засилен ветер.
Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени односно во сабота ќе достигне до 37 степени додека во вторник 35. Од понеделеник температурата повторно ќе се зголемува.
Во поголемиот дел од земјата денеска и утре ќе се задржи многу топло време. Максималната температура денеска ќе достигне до 40-от степен, а утре до 39. Ув индексот ќе биде 9. Утре кон крајот на денот наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.